Skip links

ДОМА

Музеј Свети Николе

Поволната географска положба и природните одлики придонеле градот Свети Николе и овчеполската котлина да имаат забележително минато на историски и економски план. Врз основа на зачуваната и истражената материјална култура со потврдена старост, претставена преку четири споменици на културата, со над двесте археолошки локалитети и специфични етнографски историски особености, со сигурност може да се каже дека територијата што ја зафаќа општина Свети Николе била постојано населена од предисториско време, па сè до денес.

Многубројните настани и различните историско-политички промени од времето на предисторијата, античкиот, средновековниот, отоманскиот период, кака и во времето потоа, предизвикале различни социо-економски промени во околината. Овој мозаик од испреплетена материјална и духовна култура е сместен и се презентира во музејот како неразделив дел од светското културно наследство.

Зградата во која е сместен музејот е споменик на културата. Изградена е во периодот од 1924 до 1926 година. Објектот е изграден за потребите на тогашната општинска администрација, па затоа и долго го носи називот „стара општинска зграда“. Автор на проектот е арх. проф. Сотир Томовски, еден од првите академски образувани архитекти од Македонија. Зградата е изградена во неокласичен стил, распространет во ова време на овие простори; целта била поголемо доближување до европските традиции и интензивирање на комуникациите со европските земји. Проектот говори за добро обмислен функционален објект за потребите на тоа време. Со својата архитектура, тој станува симбол на централното градско подрачје.

Формирањето на Општинската музејска збирка во 1981 година се должи на селектираниот и презентиран археолошки материјал. Со зголемувањето на прибраниот материјал и бројот на предмети, Археолошката збирка прерасна во 1994 година во Народен Музеј Свети Николе во 1994 год. Со oдлука на Собранието на Општина Свети Николе од Октомври 1991 година, објектот е доделен на користење на тогашната музејска збирка, а сега Народен Музеј Свети Николе.

Артефакти се изложени во три постојани поставки – археолошка, етнолошка и историска, сублимирани во еден извор на информации за историскиот развој на овој регион како посебна етнографска целина и исклучителен археолошки предел, неодвоив  сегмент од нашето заедничко минато.

Во археолошката поставка се изложени артефакти од археолошкиот локалитет Билазора, кој датира од VII до II век пред наша ера. Изложени се триста артефакти од V до почетокот на III век пред наша ера, кога раноантичкиот град Билазора го достигнува врвот на своето постоење како престолнина на пајонските кралеви.

Во постојаната етнолошка поставка, со претставениот модел на селска куќа од Овче Поле, се дава акцент на традиционалниот начин на живот на населението кое живеело на овие простори соочувајќи се со основните предвизици на елементарна егзистенција. Начинот на живот и верувањата се суптилно вткаени во традицијата, презентирана преку изложените предмети.

Секојдневието на предизвици на локалното население е претставено и со информациите од постојаната историска поставка, од периодот на Отоманската империја, преку Балканските војни и Втората светска војна во Југоисточна Европа.

Пиштол IZ 405

Скифос ARA 1028

Скифос ARA 1027

Скифос ARA 913

Плитка чинија ARA 905

Плитка чинија ARA 1024

This website uses cookies to improve your web experience.
Explore
Drag